Пеплосана внатрешност, паднати делови од покривот, пеплосана и искривена покривна конструкција, една мала врата низ која се гледаат остатоци од траорен пожар. Тоа може да се види на местото на дискотеката „Пулс“ во Кочани каде рано утринава во пожар загинаа намјалку 59 лица и повеќе од 150 лица беа повредени.
Според официјалните информации, што ги сподели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, пожарот настанал како последица од употреба на огнометни прскалки, од кои се запалила дел од покривната конструкција и просторот се исполнил со густ чад. Веднаш после пожарот настанало стампедо кон единствениот излез од објектот.
Според болнички извори од Кочани, најголем дел од загинатите починале во стампедото, како и од вдишување токсичен чад.
Според сознанијата од МВР, меѓу загинатите има и припадник на полицијата.
Владата прогласи седумдневна жалост.
Facebook Forum