Линкови за пристапност

Почина Пако де Лусија


Шпанскиот гитарист починал од срцев удар на 66 години

Шпанскиот гитарист Пако де Лусија, кој го спои звукот на фламенкото од неговата родна земја со џезот и други жанри и со тоа привлече нова генерација обожуватели, почина на 66 години од срцев удар.

Владин претставник во градот каде живееше Лусија, Алгесирас во Шпанија, соопшти дека музичарот починал во вторникот откако паднал на плажа додека бил со семејството во Канкун, Мексико. Неговиот град прогласи неколкудневна жалост.

Де Лусија ја започна кариерата како тинејџер во 1960-те, кога го формираше популарното дуо со починатиот пејач на фламенко Камарон де ла Исла, што го започна Новото фламенко-двивежење. Тој подоцна ги здружи силите со американските џез-гитаристи Џон Меклафлин и Ал ди Меола, на најдобро продаваниот албум во 1981-ва, „Петок навечер во Сан Франциско“.

Де Лусија е добитник на престижната шпанска награда Астуриус за уметност, во 2004-та.
XS
SM
MD
LG