ВАШИНГТОН —
43 - годишен маж е уапсен, поради наводно испраќање неколку сомнителни пакети на американски воени и разузнавачки центри во главниот град Вашингтон.
Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека Тан Конг Фан бил уапсен во неговата куќа во Еверет, во сојузната држава Вашингтон.
Мотивот за ова однесување се` уште не е утврден, но, ФБИ соопшти дека не е поврзано со тероризам.
Повеќе од половина од пакетите биле испратени до неколку воени бази во Вашингтон, и до Централната разузнавачка агенција (ЦИА).
Судските досиеја покажуваат дека Фан во минатото имал проблеми со менталното здравје.
Facebook Forum