Линкови за пристапност

Важен напредок во Пацифичките трговски преговори


Средбите продолжуваат во септември, а договор е можен уште наредната година.

САД велат дека на последната рунда разговори за трговскиот договор со осум земји од Пацификот постигнат е „важен напредок“.

Земјите во вторникот во Сан Диего, Калифорнија ја привршија 13-та по ред рунда преговори. Американски претставници изјавија дека постигнат е особено значаен напредок во справувањето со царинските регулативи, пограничните услуги, телекомуникациите и владините набавки.

Транс-пацифичкото партнерство закажа уште една сесија разговори за септември во близина на Вашигтон, а наредните месеци се очекува на преговорите да се приклучат и Канада и Мексико. Освен САД во партнерството сега се вклучени и Австралија, Брунеи, Чиле, Малезија, Нов Зеланд, Перу, Сингапур и Виетнам.

Од канцеларијата на американскиот претставник за трговија Рон Крк изјавија дека разговорите постигнале напредок во 20 области. Претседателот Барак Обама изјави дека договорот со земјите од Пацификот претставува приоритет во трговските односи, на што гледа како начин за намалување на долгогодишниот трговски дефицит на САД, а ќе претставува и поттик за неповолната ситуација на пазарот за работна сила во земјата.

Експертиите велат дека исходот од претседателските избори во САД не се очекува да има големо влијание на крајното решение од преговорите, со оглед на тоа што и актуелниот претседател и републиканскиот кандидат Мит Ромни веќе се имаат изјаснето во интерес на нов трговски договор.

Сепак претстојат тешки преговори иако можно е договорот да се постигне уште наредната година, а да се ратификува во 2014-та.
XS
SM
MD
LG