На двете страни на Тихиот Океан се случија серија земјотреси и вулкански ерупции.
Според Геолошкиот институт на САД, на околу 280 километри јужно од островот Кодиак на Алјаска имало силен земјотрес, со јачина од 8,2 степени. Ова ги поттикнало властите да издадат предупредување за цунами за поголемиот дел од крајбрежјето на Алјаска и Британска Колумбија во Канада. Западниот брег и сојузната држава Хаваи се под надзор од цунами. Жителите во непосредна близина беа повикани да се евакуираат на повисоките места или во внатрешноста.
Пацифичкиот центар за цунами подоцна го повлече надзорот за цунами за Хаваи. Предупредувањата за крајбрежните делови на Алјаска, Британска Колумбија и делови од САД и западниот брег исто така беа повлечени.
Неколку часа порано, на повеќе од 5.000 километри оддалеченост, еден јапонски војник загина, а неколку други лица беа повредени како резултат на вулканската ерупција која се случи во близина на скијачко одморалиште.
Вулканот ја прекинал електричната енергија во одморалиштето, со што најмалку 80 други скијачи биле заробени во гондола пред да бидат спасени од хеликоптер.
Филипинските власти го кренаа алармот поради заканата од најактивниот вулкан во државата. Планината Мајон, со надморска височина од 2.642 метри која се наоѓа на околу 300 километри од Манила исфрлаше лава во височина од дури 700 метри над кратерот, а потоа следеа облаци од пепел. Вулканот за прв пат почна да исфрла црвена лава, пепел и вулкански остатоци пред речиси две недели.
Јапонија, Филипините и Индонезија се наоѓаат на т.н. „Круг на огнот“ линија на сеизмички локации во Тихиот Океан што се подложни на земјотреси и вулкански активности.
Facebook Forum