Линкови за пристапност

ОН: Рекордно губење на озонот над Арктикот


ОН: Рекордно губење на озонот над Арктикот
ОН: Рекордно губење на озонот над Арктикот

Агенцијата на ОН во вторник соопшти дека нивото на озонот, гасот што ја заштитува Земјата од сончевите ултравиолетови зраци, опаднало за околу 40 проценти од јануари.

Агенцијата вели дека падот се должи на континуираното присуство на супстанци што го намалуваат озонот во атмосферата и многу студените зимски температури во стратосферата. Стратосферата е втората голема обвивка на атмосферата над површината на Земјата.

Агенцијата вели дека губитокот е „без преседан, но не неочекуван“. Се вели дека губитокот ќе бил уште поголем без напорите на ОН за елиминирање на хемикалиите што го осиромашуваат озонот последниве години.

XS
SM
MD
LG