Линкови за пристапност

Скандал во добротворната организација OXFAM


Една од најголемите добротворни организации во Велика Британија, која испраќа хуманитарни работници во области на сиромаштија и други кризи – Оксфам, објави дека тројца од нејзините вработени осомничени за недолично сексуално однесување за време на спасувачките напори по земјотресот во Хаити, физички се заканувале на сведок, додека глобалната добротворна организација вршела внатрешна истрага по наводите.

Организацијата го објави својот извештај за 2011-та, за злоупотребата од страна на нејзини хуманитарни работници на Карипскиот Остров што вклучува најмување проститутки за лица за врска на локацијата на Оксфам во близина на главниот град Порт-о-Принс. Добротворната организација вели дека отпуштила четворица вработени во врска со скандалот и им дала шанса на три други да си дадат оставка, вклучувајќи го и Роланд Ван Хувермерен, кој бил директор за државата во тоа време.

Британија минатата недела го прекина финансирањето за британската филијала на Оксфам, по извештаите за злоупотребите во Хаити. Организацијата добила повеќе од 43 милиони долари од владата за 12 месеци, коишто завршиле минатиот март.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG