Линкови за пристапност

Предозирањето со опијати зголемено за 30 проценти


Центрите за контрола на болестите во САД повикуваат на итно справување со оваа епидемија

Ен Шучет, вршител на должност на Центрите за контрола на болестите во САД, предупредува дека итните лекарски интервенции поради предозирање со опијати, се зголемиле за 30 проценти на национално ниво.

Шучет повикува на брзо делување на надлежните, поради алармантните резултати.

„Ова е втора година по ред како животниот век се намалува, наместо да се зголемува. Потенцијално можеме да изгубиме една генерација. Мора да работиме заедно за да се справиме со оваа епидемија“, рече Шучет.

Додава дека иако бројот на лицата кои користат опијати не расте, зголемената моќ на опијатите кои се достапни на пазарот, го прави предозирањето лесно.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG