Линкови за пристапност

Отворен ден со Македонската Армија:75 години НАТО и четири години членство во Алијансaта

Лесни оклопни борбени возила JLTV, робот за отстранување експлозиви, армиски кучиња, вештини на воените ренџери беа дел од презентациите што се одржаа денеска на армискиот стадион во Скопје на отворениот ден на македонската армија

Лесни оклопни борбени возила JLTV, робот за отстранување експлозиви, армиски кучиња, вештини на воените ренџери беа дел од презентациите што се одржаа денеска на армискиот стадион во Скопје на отворениот ден на македонската армија. Настанот се одржа повод одбележување 75 години НАТО и четири години членство на македонската армија во Алијансата.

Полковникот Васил Митевски од Командата за операции истакна дека му е чест што денеска граѓаните на Скопје можат да се запознаат со дел од армиската опрема и порача дека членството во НАТО е важно од безбедносен аспект, но и во однос на соработката со сојузниците.

„За нас како Армија членството во НАТО претставува една голема можност за соработка со сите НАТО партнери со цел зголемување на нашите способности, како и способностите коишто треба да ги исполниме во НАТО Алијансата“, рече полковникот.

Присутните имаа можност да видат настап и на воениот оркестар, како и да го пробаат препознатливиот вкусен војнички грав што се служеше од армиска кујна.


Вчитај повеќе

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG