Линкови за пристапност

65 отсто од новинарите во Хонгконг се самоцензурираат, покажа истражување


Од 66 испитаници во истражувањето, 55 луѓе или 83 отсто кажале дека средината за новинарите се влошила во изминатите 18 месеци
Од 66 испитаници во истражувањето, 55 луѓе или 83 отсто кажале дека средината за новинарите се влошила во изминатите 18 месеци

Работните услови за новинарите во Хонгконг станаа потешки во текот на изминатите 18 месеци, според новото истражување.

Надзорот и претпазливите извори се меѓу прашањата што ја отежнуваат околината за известување.

Од 66 испитаници во истражувањето, 55 луѓе или 83 отсто кажале дека средината за новинарите се влошила во изминатите 18 месеци.

Објавено во средата, анонимното истражување било спроведено во мај од страна на Клубот на странски дописници на Хонгконг.

„Ова откритие, ако се земе како вистински показател за расположението меѓу другите членови, е алармантен одраз на моменталната состојба на слободата на печатот во градот“, се вели во соопштението на Клубот на странски дописници.

Слободата на печатот и другите права во Хонгконг брзо се распаднаа откако Законот за национална безбедност стапи на сила во 2020 година.

Општиот закон го криминализира секој акт на отцепување, субверзија, тероризам или дослух со странски сили и се користи да таргетира независни новинари и продемократски активисти.

Од испитаниците кои рекле дека разговорот со извори е дел од нивната работа, околу 88 проценти рекле дека изворите во Хонгконг станале помалку подготвени да разговараат со новинарите, особено за чувствителни теми.

Четворица испитаници рекле дека доживеале дигитален надзор во Хонгконг во изминатите 18 месеци, а еден дека доживеал физички надзор.

Дополнителни четворица испитаници се изјасниле дека доживеале и физички и дигитален надзор.

Само 22,5 проценти од 294 подобни испитаници го завршија истражувањето, но Клубот на странски дописници вели дека дека „сепак ги смета овие наоди како значајни“.

Самоцензурата е уште еден загрижувачки фактор, при што околу 65 проценти од испитаниците изјавиле дека биле вклучени во самоцензура во изминатите 18 месеци.

Тоа означува зголемување од 2021 година, кога Клубот на странски дописници го спроведе своето последно истражување за слободата на печатот, во кое 56 отсто од испитаниците рекоа дека се вклучиле во самоцензура.

„Клубот на странски дописници го поддржува основното право на новинарите да ја водат својата работа слободно и без страв од заплашување или вознемирување“, се вели во соопштението.

„Ќе продолжиме со нашиот проактивен ангажман со релевантните власти за да ја заштитиме слободата на печатот во градот со цел да се осигураме дека Хонгконг останува просперитетен центар за новинарството и бизнисот во регионот“, додаде Клубот на странски дописници.

XS
SM
MD
LG