Линкови за пристапност

Апелациониот суд во Вашингтон му забрани на Пек да го смени лидерството на „Опен технолоџи фанд“


Директорот на Агенцијата за глобални медиуми на САД, не одговори на барањето на Гласот на Америка за коментар за судската одлука

Апелациониот суд во Вашингтон го блокираше Мајкл Пек, новиот извршен директор на Агенцијата за глобални медиуми на САД, да може да назначи негово лице на чело на владината организација „Опен технолоџи фанд“ (Open Technology Fund), чија цел е да ја промовира слободата на интернетот во светот.

Судот му забрани на Пек да го замени претходното лидерство на оваа организација, која е една од неколкуте владини агенции под негова контрола.

И Глас на Америка е под контрола на Агенцијата за глобални медиуми, но, не е афектирана со оваа нова одлука.

Судската одлука е привремена, додека се разгледува случајот против обидот на Пек да го промени бордот на „Опен технолоџи фанд“ (Open Technology Fund).

Додека трае судскиот процес, треба да се врати стариот борд на организацијата.

Ниту Пек, ниту Агенцијата за глобални медиуми на САД, не одговорија на барањето на Гласот на Америка за коментар за одлуката.

И правниот застапник на членовите на бордот на „Опен технолоџи фанд“ (Open Technology Fund), не одговори на барањата на Глас на Америка за реакција по судската одлука.

Ова е прва правна пречка со која се соочи Пек по преземањето на функцијата минатиот месец.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG