Линкови за пристапност

Митрополит Тимотеј: Името МПЦ-ОА останува, независно кој како сака да нè нарекува


Како што истакна митрополитот Тимотеј, одлуките на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА за интеграцијата на ПОА, која од 2002 година е во единство со Српската православна црква (СПЦ), биле донесени едногласно
Како што истакна митрополитот Тимотеј, одлуките на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА за интеграцијата на ПОА, која од 2002 година е во единство со Српската православна црква (СПЦ), биле донесени едногласно

Поделбата на епархиите се деталите кои се договарале денеска во МПЦ-ОА, каде прочна процесот за интеграција на ПОА на Јован Вранишковски во рамките на Македонската православна црква. Финализирање на процесот се очекува после светиот собор на Српската православна црква.

Името е Македонска православна црква – Охридска архиепископија и тоа останува независно кој како сака да нè нарекува. Ни ќе се викаме, како што се викаме, рече митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј одговарјаќи на новинарско прашање после почетокот на процесот за интеграција на Православната охридска архиепископија (ПОА) во МПЦ-ОА.

Како што истакна митрополитот Тимотеј, одлуките на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА за интеграцијата на црквата на Јован Вранишковски, ПОА, која од 2002 година е во единство со Српската православна црква (СПЦ) биле донесени едногласно.

„Донесени се неколку одлуки, но сè уште не можеме да ги споделиме со севкупната јавност, бидејќи истите треба прво да ги усогласиме со Српската православна црква“, рече владиката Тимотеј.

Без да истакнува детали, владиката, одговарајќи на новинарско прашање, потврди дека усогласувањата со СПЦ, е околу поделбата на епархиите.

Целосната интеграција, како што рече отецот Тимотеј би требало да се случи за време на Соборот на СПЦ, кој се очекува да биде кон средината на мај.

Со интеграцијата во Македонската православна црква, формално треба да престане функционирањето на Православната охридска архиепископија (ПОА).

Интеграцијата доаѓа после десет месеци откако Српската православна црква лани во јуни врачи Томос со кој, после повеќедецинско негирање, ја потврди автокефалноста на МПЦ-ОА.

Во изминатиот период автокефалноста на МПЦ-ОА ја признаа и повеќе други православни цркви, како Романската, Руската, Украинската, Словачката православна црква.

XS
SM
MD
LG