Нова, четврта по ред експлозија во Остин, Тексас, при што биле повредени две лица.
Сите експлозии се резултат на пакет-бомби, а првите три беа активирани кога луѓето се обиделе да ги подигнат пакетите.
Началникот на полицијата, Брајан Менли, ги предупреди жителите „да не допираат ништо што наликува на пакет“.
Двете повредени лица во саботата биле на 20-годишна возраст, хоспитализирани се и се наоѓаат во стабилна состојба, соопштија властите.
Истрагата за мотивот е во тек. Полицијата на случаите гледа и како можни напади од омраза. Во претходните три експлозии загинаа тројца Афро-Американци, а 75-годишна жена од латиноамериканско потекло е во тешка здравствена состојба.
Facebook Forum