Линкови за пристапност

Османи: „Ако ВМРО – ДПМНЕ ги изгласаат уставните измени самите да изберат датум за избори“


Доколку не се изгласаат измените на Уставот остануваат регуларните термини за претседателски и парламентарни избори, дециден е шефот на дипломатијата. Околу изјавите на министерот за информатичко општество дека ДУИ треба да оди во опозиција Османи немаше коментар.

СКОПЈЕ – Уставни измени во замена за датум за ибори. Продолжуваат предлозите и прекупувањата на реалција владеачко мнозинство - опозиција. Денеска шефот на дипломатијата, Бујар Османи, со конкретен предлог до најголемата опозициска партија да гласаат за измените на Уставот и потоа самите да изберат датуми за претседателски и парламентарни избори.

„Ако ги изгласаат уставните измени ќе оставиме тие да одлучат кога ќе бидат изборите, кога и да сакаат денеска, утре, задутре. Веднаш по изгласување на уставните измени. Мислам дека ова е фер понуда од наша страна“, изјави министерот Османи.

Изјавата доаѓа по вчерашниот предлог на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, премиерот Ковачевски самиот да одреди датум за избори меѓу двата најголеми верски празници Велигден и Рамазан Бајрам, и го обвини дека свесно предизвикува уставна и политичка криза.

„Разбирам дека Ковачевски велат никој не го слуша во владата, зошто ниту министрите, ниту вицепремиерите, а ниту кај него во партија му имаат почит. Затоа човекот е оддаден на шетање по светот, ручеци по компании и закуски, но мора да се договори датум за редовни избори. Нека земе бел лист хартија нека напише било кој датум сака помеѓу двата најголеми верски празници идната пролет и да одржиме парламентарни и претседателски избори на еден трошок“, кажа Мицкоски.

Според Османи пак, доколку нема измени на Уставот, термините на претседателските и парламентарни избори ќе бидат редовни.

„Мислам дека во тој случај треба да бидат земени предвид редовните термини и останува прашање на технички и логистички пресметки за одржување на изборите. Политичка проценка е оваа понуда нека ги изгласаат уставните измени ќе оставиме тие да одлучат кога и да сакаат да бидат изборите и за претседателските и за парламентарните. Доколку не, одиме на редовни избори дали ќе бидат заедно или одвоено е прашање на логистика, техника и повеќе проценки на политичките партии и одреден консензус“, нагласи Османи.

Вчера пак, министерот за информатичко општество и администрација од редовите на Алијанса за Албанците, Азир Алиу, на колациските партнери од Мала Речица им порача дека треба да одат во опозиција и покрај тоа што се во Владата дека секогаш има можност Алијанса да се приклучи „европскиот фронт“, во пресрет на изборите следната година.

Османи не даде одговор на изјавата на неговиот колега од Владата - Алиу, нагласи дека нема коментар и дека односите во Владата се одлични а Владата е компактна.

XS
SM
MD
LG