Линкови за пристапност

Османи: 60 македонски државјани вратени назад, се организира транспорт на уште 90


Средовечен брачен пар е заглавен во Газа, каде што живее веќе извесен период. Извлекувањето и транспортот на сите македонски државјани во Израел, од Тел Авив, треба да заврши утре. Покрај туристи и студенти во Израел има и македонски државјани кои одлучиле да останат

Османи: Еден македонски брачен пар е заглавен во Газа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:01 0:00

СКОПЈЕ – Деведесет македонски државјани треба да бидат вратени во државата во текот на утрешниот ден а средовечен брачен пар останува заглавен во Газа бидејќи се затворени граничните премини и нема можност за нивно извлекување од критичната зона. Шефот на дипломатијата денеска брифираше што се е превземно и како и со чија помош шеесет државјани безбедно се евакуирани од Израел и вратени во своите домови.

Брачен пар е заглавен во Газа во екот на досега најжестокото бомбардирање, а од МНР е започната сложена операција преку дипломатско конзуларните претсавништва за нивно извлекување. Османи соопшти дека тие успеале да стигнат до граничниот премин со Египет, но токму во тој момент египетските власти го затвориле и тие немале никаков избор освен да се вратат назад.

„Единствениот излез им беше преку Египет, но кога стигнале до граничниот премин, се затвори границата. Моментално двајцата не може да излезат ни кон Египет, ни кон Израел. Амбасадата во Каиро нема конкретен одговор од властите на Египет дали ќе ја отворат границата. Работиме и со властите во Египет за да ги ослободат да излезат, а потоа ќе организираме превоз од Египет. Меѓутоа, засега немаме начин како да ги извлечеме од Газа. Ситуацијата таму е многу променлива и можеме да сметаме дека тие се во некаков ризик. Не се сами, многу луѓе кои се заглавени во Газа, чекаат да излезат преку границата со Египет“, изјави Османи.

МНР мапирала вкупно 150 македонски државјани во Израел со кои контактирала. Досега шеесетмина се вратени преку различни канали, а за останатите деведесет се очекува да бидат вратени во текот на утрешниот ден. Дваесет и двајца, во последното деноноќие, со авион преку Атина се вратени дома. Во Атина биле пречкани од преставници на амбасадата а потоа со автобус се префрлени до границата од каде се превземени со возила и вратени дома. Дел од граѓаните се вратиле преку Јордан, Албанија, Турција, Црна Гора и Србија.

Амбасадата контактирала и со македонски државјани кои одбиле да го напшуштат Израел, но нивната бројка официјално не се соопштува.

XS
SM
MD
LG