Линкови за пристапност

Ослободени тројца Американци од Кина


Харисон Ли држи фотографија од неговиот татко Каи Ли во Пало Алто, Калифорнија, 23 јануари 2024 година
Харисон Ли држи фотографија од неговиот татко Каи Ли во Пало Алто, Калифорнија, 23 јануари 2024 година

Тројца Американци кои со години беа притворени во Кина се ослободени и ќе се вратат во САД, објави денес Белата куќа.

„Задоволство ни е да го објавиме ослободувањето на Марк Свидан, Каи Ли и Џон Леунг од притвор во Народна Република Кина“, се вели во соопштението на портпаролот на Советот за национална безбедност.

Тоа е дипломатска победа за претседателот Џо Бајден кој ќе ја напушти функцијата во јануари.

Со ослободувањето на мажите, „сите незаконски приведени Американци“ во Кина се вратени, додаде портпаролот.

Тројцата беа означени од владата на САД како незаконски приведени.

Свидан се соочуваше со смртна казна поради обвиненија за дрога, додека Ли и Леунг беа затворени поради обвиненија за шпионажа.

„Наскоро тие ќе се вратат и ќе се обединат со своите семејства за првпат по многу години“, рече портпаролот.

Според американски официјални лица, Бајден и неговите помошници постојано го покренувале прашањето за тројцата Американци со Пекинг.

На неговата последна лична средба на маргините на годишниот самит за азиско-пацифичка економска соработка во Перу претходно овој месец, Бајден разговарал и со кинескиот претседател Шји Џјинпинг за да изврши притисок за нивно враќање.

За време на неговиот мандат Бајден врати дома над 70 Американци неправедно приведени ширум светот.

Групите за права велат дека повеќе од 40 други сè уште се држат како заложници или се незаконски приведени во повеќе од десетина земји.

XS
SM
MD
LG