Линкови за пристапност

ОБСЕ/ОДИХР ќе ја набљудува и Шарената револуција


Набљудувачката мисија најави дека ќе продолжи со мониторингот, и покрај инфромациите за можно одложување на изборите на 5 јуни

Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) ќе набљудува и можен притисок врз гласачите, кои се вклучуваат во таканаречената Шарена ревуолуција, освен состојбата на Државната изборна комисија и на медиумите.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во Скопје најави дека ќе продолжи со мониторингот на предизборниот процес, и покрај инфромациите за можно одложување на изборите на 5 јуни.

„ ОДИХР беше повикана од властите да ги набљудува парламентарните избори закажани за 5 јуни, и бидејќи тие избори се уште се планирани, нашата мисија ќе продолжи да набљудува и да ги испитува настаните и ситуациите таму“, изјави за Глас на Америка Томас Рајмер, портпарол на ОБСЕ/ОДИХР.

Околу набљудување и на можни притисоци врз учесници во Шарената револуција, Рајмер додава:

„ Во однос на сите други настани во земјата, нашата проценка на изборниот процес ќе биде врз основа на сеопфатно разгледување, па сите фактори кои ќе влијаат на степенот до кој изборниот процес ги исполнува заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни стандарди за демократски избори ќе бидат опфатени и земени предвид во оценката на мисијата. “.

Минатата недела ОДИХР го објави периодичниот извештај пред изборите во кој, меѓудругото, се нотирани веродостојни наводи за притисок врз вработените во јавниот сектор за нивно присуство на контрадемонстрациите, како и дека Државната изборна комисија (ДИК) продолжуваа да работи во многу тензична политичка атмосфера.

XS
SM
MD
LG