Линкови за пристапност

Решение за проблемот со мигрантите во Европа, по урнек на Азија


Решение за проблемот со мигрантите во Европа, по урнек на Азија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:29 0:00

Можеме да понудиме зголемување на капацитетите, на пример, како што веќе правиме во централна Азија, имаме луѓе кои ги тренираат граничните патроли таму

Геополитичката конфронтација повторно е актуелна во Европа која мора да се соочи со предизвиците и принципите кои го зацврстуваат безбедносниот поредок, нагласи генерален секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Томас Гремингер, на настанот во Центарот Вудроу Вилсон, посветен на обновување на довербата во евроатлантските односи.

Мигрантите станаа проблем број еден на Стариот континент но, во исто време, евроатлантскиот регион се соочува и со бројни сложени и меѓусебно поврзани транснационални предизвици, вклучувајќи насилен екстремизам, тероризам, компјутерски криминал и големи миграции на луѓе.

Популистите ја користат миграцијата се` почесто, особено пред изборите во Италија, со цел да дојдат до лесни политички поени. Но, реално за ова прашање треба поконструктивна дебата. Технички кажано, ние можеме да понудиме бројни безбедносни мерки, рече генералниот секретар на ОБСЕ, Гремингер.

Конкретно, тој решението го гледа во веќе докажаниот пример со централна Азија.

"Кога станува збор за мигрантите, ние можеме да понудиме зголемување на капацитетите, на пример како што веќе правиме во централна Азија, имаме луѓе кои ги тренираат граничните патроли таму, но секако има и други примери за решение, како што е интеграционите политики", додаде тој.

Во актуелната атмосфера на недоверба и конфронтација, како и во пресрет на ваквите предизвици, постои реална опасност од поголема нестабилност и помалку управливост, со реперкусии за мирот во Европа и пошироко, беше заклучокот на дискусијата во Вашингтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG