Линкови за пристапност

ОБСЕ изборите во Македонија ги оцени позитивно


ОБСЕ изборите во Македонија ги оцени позитивно
ОБСЕ изборите во Македонија ги оцени позитивно

Фер и демократски избори е генералната оценка на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР која со свои посматрачи го следеше изборниот процес.

Првичните забелешки што оваа мисија традиционално ги соопштува ден после изборите, овој пат се однесуваат на загриженост за притисоци врз администрација, трошењето на јавни пари за изборни цели и во однос на избирачкиот список.

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР со совет и до некои медиуми кои во текот на изборната кампања се ставија на страната на некоја политичка партија: да избегнуваат улога на пропагатори.

Генералната оценка за изборите на ОБСЕ/ОДИХР е позитивна, а покрај изборниот ден позитивно е оценета и постапката за пребројување на гласови.

Граѓанската асоцијација МОСТ која со свои набљудувачи го следеше изборниот процес денеска посочи дека регистрирале неправилности како што се семејно и групно гласање, сликање на гласачките ливчиња со мобилни телефони, поткуп на гласачите и агитација на гласачките места. МОСТ како јавна и транспарентна ја оцени работата на Државната изборна комисија, со забелешка дека носењето на одлуките се случувало по партиска линија. За изборната кампања сметаат дека започнала предвреме, била негативна, со говор на омраза и со масовно присуство на малолетници на митинзите на политичките партии.

Советот за радиодифузија кој ја следи работата на електронските медиуми, поднесе четири прекршочни пријави против телевизиите А1, МТВ 1и МТВ1 и ТВ Сонце поради прекршување на законските одредби во однос на покривањето на предизборните активности.

XS
SM
MD
LG