Линкови за пристапност

„12 години роб“ најдобар филм, „Гравитација“ со најмногу Оскари


Водителката Деџенерис постави рекорд на Твитер со „селфито“ со некои од добитниците.

Историската драма „12 години роб“ доби централно место во бессоната, ѕвездена ноќ во Холивуд: го однесе Оскарот за најдобар филм.

„Клубот на купувачи Далас“ доминираше во категоријата машки улоги: Метју Мекоханеј освои Оскар за главна, а Џаред Лето за споредна машка улога.

Во мошне тесна конкуренција, Кејт Бланшет ја доби златната статуетка за главна женска улога во „Тажната Џесмин“, а Лупита Нјонго за споредна улога во „12 години роб“.

Највеќе Оскари освои „Гравитација“ - седум, меѓу нив и за најдобра режија.

Елен Деџенерис доби исклучително поволни коментари од критиката како водител на спектаклот, втора година по ред, а со „селфито“ на кое е со некои од главните ѕвезди вечерта постави рекорд на Твитер - над 2,7 милиони корисници ја пренесоа нејзината фотографија.

Холивуд не ги оценуваше само најдобрите, туку и најлошите, што ја добија наградата Рази. Најлошо остварување - „Филм 43“, а најлоши актери - таткото Вил Смит и синот Џејден за улогите во „По Земјата“.
XS
SM
MD
LG