Линкови за пристапност

Можно е да се одложат Оскарите поради пандемијата


Повикувајќи се на анонимен извор, филмското списание „Вараети“ објави дека е веројатно оти церемонијата на доделување на Оскарите, која е закажана за 28 февруари на телевизијата Еј-Би-Си, да биде одложена

Оскарите следната година можеби ќе бидат одложени, бидејќи прикажувањето на филмовите во кино салите е прекинато поради пандемијата.

Повикувајќи се на анонимен извор, филмското списание „Вараети“ објави дека е веројатно оти церемонијата на доделување на Оскарите, која е закажана за следната година на 28 февруари, на телевизијата Еј-Би-Си, да биде одложена.

Но, списанието објави дека деталите за официјално одложување на церемонијата се`уште не се целосно дискутирани.

Според правилата на Американската филмска академија, која ја доделува оваа престижна награда, филмовите мора да излезат во кино салите пред 31 декември, за да може да се квалификуваат за номинација за Оскар.

Сепак, илјадници кина низ државата се затворени поради пандемијата, што доведе Академијата да ги промени правилата и да дозволи многу филмови, кои се прикажуваат на дигитални сервиси, како Нетфликс, да може да бидат номинирани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG