Линкови за пристапност

Номинации за Оскар 2012


Номинации за Оскар 2012
Номинации за Оскар 2012

Се очекува францускиот филм The Artist да биде меѓу кандидатите за најдобар филм кога ќе бидат објавени номинациите за овогодишните Награди на Академијата, во вторник.

Со воодушевување прифатен од публиката, филмот посветен на холивудската ера на немиот филм е еден од фаворитите за престижната номинација, откако доби Златен глобус минатиот месец за најдобар мјузикл или комедија. Најверојатно во конкуренција ќе биде со семејната драма со што се случува на Хаваите, The Descendants, која доби статуетка Златен глобус за најдобра драма.

Други со изгледи за добивање номинација за оскар за најдобар филм се Hugo, епската приказна за Првата светска војна War Horse, и драмата за граѓанските права од 1960-те The Help.

Наградите на Академијата по 84-ти пат ќе бидат доделени во недела, на 26-ти февруари во Холивуд.

XS
SM
MD
LG