Линкови за пристапност

Обама: Бин Ладен е мртов


Обама: Бин Ладен е мртов
Обама: Бин Ладен е мртов

Американскиот претседател објави дека најбараниот терорист во светот, лидерот на ал-Каида Осама бин Ладен, бил убиен од американски сили во неделата за време на битка на локација длабоко во Пакистан.

Обама ова го соопшти на национално телевизиско обраќање во живо од Белата куќа во неделата навечер.

Развојот доаѓа близу десет години по катастрофалните напади на оперативци на ал-Каида на САД на 11 септември 2001-ва.

Американските сили од тогаш беа во потрага по саудискиот терорист. Акцијата била изведена во Аботабад, во хазарската област на работ на Пунџаб.

Обама рече дека бин Ладен не бил муслимански лидер, туку масовен убиец на Муслимани. Претседателот рече дека бин Ладен бил лоциран со помош на пакистанското разузнавање и дека ја авторизирал операцијата по месеци на следење на разузнавачки информации.

Обама операцијата ја нарече најголем успех во мисијата на поразување на ал-Каида и кажа дека смртта на Обама ќе биде поздравена од сите кои веруваат во мир и човечко достоинство. Претседателот рече дека „сторена е правда“.

XS
SM
MD
LG