„Прославувајќи го големиот и радосен празник на Христовото раѓање, да заборавиме на себељубието, а да се украсиме со христијанската нелицемерна љубов, па со богоугоден живот да му го приготвиме на Богомладенецот сопственото срце, во кое ќе се роди и од кое ќе направи свое живеалиште. Христос се роди!“, им порача поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепоскопија , г.г. Стефан, на православните верници во Македонија и во дијаспората,.
Во божиќната порака по повод утрешниот голем празник на православните христијани, Рождество Христово - Божиќ, тој истакнува дека „во тој неповторлив настан, се собрани и исполнети сите човечки надежи и очекувања низ вековите дотогаш, како и верата на вековите потоа, па сe` до денес, и тоа ќе остане за вечност“.
А денес, наспроти Божиќ, низ Македонија традиционално се одбележува Бадник. Пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ се одржа 22-то скопско бадникување, на кое беше промовирано ново бадникарско знаме, изведена бадникова химна, и извршено примопредавање на бадникарскиот ќуп кој симболизира единство, од минатогодишниот кум, преку Архиепископот охридски и македонски, на новиот кум-бадникар. Во оваа прилика поглаварот г.г. Стефан порача дека Божиќ најдобро ќе се одбележи „ако покажеме дека Бадник ни е секој ден и дека Бог постојано се раѓа во нашите души“.
Традиционално, Бадник започна со песните на децата коледари кои во раните утрински часови одеа од врата на врата. Како дел од коледарските обичаи, и претседателот Ѓорге Иванов со семејството во резиденцијата прими група „бадникарски коледари“, членови на подмладокот на КУД „Никола Јонков-Вапцаров“
Вчеравечер, во предвечерие на двата празника, во разни делови на Скопје, како и во градовите во внатрешноста се одржаа собири со традиционално палење на коледарските огнови. За дел од нив, огревно дрво донираа и општините, како во случајот на скопските општини Аеродром и Карпош, додека во општината Ѓорче Петров, наместо за ваквата традиција, одлучија огревното дрво да го наменат за затоплување на домовите на социјално загрозените семејства.
Покрај трошењето средства, ваквиот начин на одбележување на паганската традиција во медиумите беше критикуван и поради големото загадување на воздухот во Скопје и во други градови.
Од друга страна, покрај дваестината илјади евра од буџетите на општините кои за неколку часови горат преку стотици кубици огревно дрво за коледарските огнови, секоја година се повторуваат и критиките дека тоа воопшто не е христијански обичај и дека греаната ракија, виното и богата трпеза во време на пост не се во согласнот со православното учење.
Во тој контекст, струмичкиот митрополит Наум годинава беше дециден дека причестувањето треба да биде единственото чествување на големиот празник и дека делењето бадникови гранчиња и паричката во бадниковото лебче не се во согласност со православното учење во Македонија.
„Собирањето и делењето на бадникови гранчиња е само српски народно-црковен обичај и ниту на една друга помесна православна црква или народ, исто како и кршењето лебот со паричка на бадниковата вечера. Оттука па натаму, нема ништо да кажам – секој нека се определи сам“, стои во пораката на г. Наум.
Сепак, свештеници од понизок ранг од владиката често се присутни крај огновите и неретко изјавуваат дека нема ништо паганско во ваквото празнување, а за својата служба и наплатуваат. Така тврди и отец Томе Петковски, кој за www.faktor.mk, изјави дека бил на многу огнови и дека „тоа за мене се достоинствени собирања на православните христијани кои треба да се почитуваат и подржат. Огнови во чест на раѓањето на Исус Христос се палеле уште во 3-ти век, од првите црковни општини. И јас не одобрувам пиење ракија во големи количества, но ако се пие во умерени граници, тогаш може да се дозволи. Исто е и со музиката и со играњето оро околу огновите”, вели отец Петковски.
Денес и претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски упатија честитки по повод утрешниот празник, до Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до членовите на Синодот на МПЦ-ОА, до свештенството, монаштвото и до сите православни христијани. Честитка до сите православни христијани испрати и претседателот на опозициониот СДСМ Зоран Заев, но најмногу внимание во медиумите сепак, предизвика една од честитките на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) до сите градоначалници и претседатели на општинските совети во Македонија.
Така, со потпис на претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски, годинава била испратена честитка и до претседателот на Советот на скопската општина Центар, Мирослав Шиповиќ, кој, и покрај протестите на опозицијата, дури и на новогодишната ноќ, веќе три месеци е во притвор.
Постапката на ЗЕЛС во опозицијата е сфатена како невидена провокација и политички скандал.
„Дали ова е намерна провокација? Згрозена сум од нечовечноста на постапката на претседателот на ЗЕЛС!“, напишала на социјалните мрежи, сопругата на Шиповиќ, Дивна, а пратеникот на СДСМ, Јани Макрадули напишал дека е згрозен и дека бара итна оставка од Трајановски, и извинување за Шиповиќ и за неговото семејство.
„Честитката е испратена на официјалната адреса на општина Центар, каде Шиповиќ ја врши функцијата, а не на лична, односно, домашната адреса. ЗЕЛС можеби ненамерно ги допрел чувствата на семејството, но на овој начин, само сака да покаже дека ја почитуваме институцијата на презумпција на невиност, што, за жал, наиде на негативни реакции и креирање на политички случај“, се вели во одговорот на ЗЕЛС на реакциите во јавноста.