Линкови за пристапност

Републиканецот Орин Хатч ќе се пензионира


Иако охрабрен од претседателот Трамп да се кандидира за уште еден мандат, најави повлекување

Републиканскиот сенатор од сојузната држава Јута Орин Хатч, законодавец кој најдолго служел во Конгресот, ќе се пензионира на крајот од актуелниот мандат, по четири децении во Сенатот.

Во видео-порака, Хатч истакна: „кога претседателот ја посети Јута минатиот месец, рече дека сум борец. Отсекогаш сум бил таков. Како млад бев боксер-аматер и со мене го донесов тој дух во Вашингтон. Но, не секој добар борец знае кога да ги остави ракавиците зад себе. За мене тоа време доаѓа. Затоа, по дискусија со моето семејство и пријателите, одлучив да се пензионирам на крајот од мандатот“, истакна овој републиканец.

Одлуката ја објави и преку својот профил на Твитер:

https://twitter.com/senorrinhatch/status/948269165168746497

83-годишниот Хатч беше охрабрен од претседателот Трамп да се кандидира за уште еден мандат и да го блокира обидот за кандидатура на поранешниот претседателски кандидат, републиканецот Мит Ромни, кој важи за жесток критичар на актуелниот американски лидер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG