Сведоци во вооружениот напад во колеџ во сојузната држава Орегон во којшто загинаа девет лица, велат дека напаѓачот целел на луѓе од христијанска вероисповед.
Властите соопштија дека тешко вооружен напаѓач влегол во училницата во колечот Умпква во утринските часови и почнал да пука врз студентите, пред да биде застрелан од полицијата.
Најмалку двајца сведоци рекоа дека напаѓачот, чиј идентитет се` уште не е обелоденет, ги прашувал жртвите дали се христијани пред да ги убие.
Претседателот Барак Обама со лутина реагираше неколку часа по инцидентот, барајќи од американскиот народ да врши притисок врз Конгресот да ги усвои „логичните“ закони за контрола на вооружувањето.
Тој додаде дека Американците станале нечувствителни на она што станува рутина во САД – масовно убиство, проследено од негово соопштение од Белата куќа, а потоа реакција од оние коишто се против контролата на оружје. Обама истакна дека аргументот дека поголема количина оружје ќе ги направи луѓето побезбедни, не може да се каже рамноудшно.
Обама побара од гласачите за запомнат кој ги поддржува, а кој е против законите за оружје за време на наредните избори.