Линкови за пристапност

 
Орбан до ЕУ – опасно е да се продолжува војната во Украина, Мицкоски очекува Европа да ја преземе дипломатската палка  

Орбан до ЕУ – опасно е да се продолжува војната во Украина, Мицкоски очекува Европа да ја преземе дипломатската палка  


Унгарскиот премиер Виктор Орбан зборува за време на заедничката прес-конференција со премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски во Будимпешта, Унгарија, 4 март 2025 година.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан зборува за време на заедничката прес-конференција со премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски во Будимпешта, Унгарија, 4 март 2025 година.

Унгарската и македонската влада се на иста линија кога станува збор за Украина, а тоа е дека Европа, која е најпогодена од тригодишната руска агресија, треба да притиска за одржливо мировно решение и дека токму Европа треба да има позначајна улога во процесот на конечно запирање на војната.

Оваа порака произлезе од настапите на Виктор Орбан и на Христијан Мицкоски по денешната меѓувладина седница меѓу двете земји што се одржа во Будимпешта. Ссотанокот, како што рекоа двајцата премиери, доаѓа во многу чувствителен период во кој трансатлантските односи се наоѓаат на крстопат.

„3 години живееме во сенката на војна и нашите најдобри надежи за завршување на војната токму сега се појавија. Му кажав на премиерот дека ги поздравуваме преговорите меѓу САД и Русија и ние, Унгарците, сме многу заинтересирани за нивен успешен исход. Кажав дека ние се расправаме со оние земји членки на ЕУ, исто така се наши пријатели и сојузници, кои решија дека Украина мора да продолжи со војната. Наше мислење е дека продолжување на војната е лошо, опасно и дека е грешка. Го поздравив фактот дека и во ОН се разговарало за мировни опции при што Северна Македонија и Унгарија зазедоа иста позиција – го поддржавме предлогот на Американците и тоа беше прифатено од Советот за безбедност“, речр унгарскиот премиер Орбан.

Премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски зборува за време на заедничката прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, Унгарија, 4 март 2025 година.
Премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски зборува за време на заедничката прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, Унгарија, 4 март 2025 година.

„Заедно да поттикнеме и поддржиме Европа да заземе поинтензивна улога во процес на постигнување на траен и одржлив мир во Украина, преку партнерство и сојузништво со САД, нешто што е во полза и на украинските пријатели, но и во полза на самата Европа“, рече премиерот на Северна Македонија Мицкоски

Орбан, кој не е омилен во европските кругови, меѓу другото и поради неговото кокетирање со Москва и по почетокот на руската агресија, денеска беше доста критичен кон Унијата и нејзиниот однос кон Северна Македонија, повторувајќи ја унгарската поддршка во евроинтеграциите.

„Срамно е што овој процес толку бавно оди напред, а за тоа не е одговорна Северна Македонија, туку ние члнеките на ЕУ. Ние го поддржуваме вашето зачленување зашто ЕУ мора да ја подобри својата конкурентност во светот, а единствен начин тоа да се направи е да продолжи процесот на проширување. Најголем морален долг на ЕУ е кон Северна Македонија. Досега секое проширување и донесе добро на ЕУ“, рече Орбан.

Меѓувладина седница меѓу Северна Македонија и Унгарија
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:06 0:00

„Нашата стратешка цел како држава да бидеме дел од ЕУ, нешто што го заслуживме одамна, била, е и ќе остане нашата стратешка цел. Тука никој да нема дилема. Но, тоа што македонските граѓани го дадоа за оваа цел, цената што ја платија, е бесценета, не може да се утврди. Зашто зборуваме за билатерализација на преговорите, а не на нивната европеизација. Се надевам дека овој процес ќе биде откочен од пријателска Унгарија. Ние сме влада кои ги почитува превземените обврски, но бараме и другите кои преземе обрска да ги почитуваат своите обврски“, рече Мицкоски.

Прашање е дали унгарската поддршка нешто ќе значи, имајќи го предвид договореното превземено во 2022 година, според кое, обврска за земјава се уставни измени за внесување на Бугарите.

Се зборувало и за економската соработка и како таа да се зајакне – Северна Македонија веќе се задолжи кај Унгарија со половина милијарда евра. Премиерот Орбан гледа поголеми можности меѓу неговата земја, Северна Македонија и Србија кои, како што рече, географски припаѓаат на една економска зона. Зборувајќи за регионот, Орбан даде своја оценка за состојбите во Србија.

„Паѓа во очи дека откако во САД победија партиотите, тука, во Централна Европа се зајакнати стремежите за дестабилизација и Србија е нејзина жртва.“

XS
SM
MD
LG