Линкови за пристапност

Пристигна новиот шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија


Аиво Орав во Скопје доаѓа непосредно пред почетокот на дијалогот на високо ниво меѓу Брисел и Скопје

Аиво Орав,новиот шеф на Делагацијата на ЕУ во Македонија денеска пристигна во Македонија. Орав на оваа функција беше назначен на 21 декември 2011-ва година од страна на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Кетрин Ештон.

Како што соопштија од Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Аиво Орав акредитивните писма на претседателот Ѓорѓе Иванов ќе му ги предаде во понеделник.

Новиот амбасадор доаѓа на оваа функција откако истата ја напушти данскиот дипломат Петер Соренсен кој по само неколку месеци во Скопје замина во Сараево да ја извршува функцијата Висок претставик на ЕУ за Босна и Херцеговина.

Естонскиот дипломат од кариера Аиво Орав на оваа функција во Скопје доаѓа непосредно пред започнувањето на дијалогот на високо политичко ниво меѓу Македонија и ЕУ, договорен во јуни 2011-тата, а закажан за средината на овој месец. На овој дијалог ќе бидат отворени и клучните прашања релевентни за европската интеграција на Македонија како што се владеењето на правото, реформите во судството,ефикасноста во борбата против корупцијата и слободата на изразувањето. Во изјава за дневиот весник Фокус дадена во декември, кога тој беше именуван на оваа функција, Орав изјави дека цел на неговата мисија е да се забрза интеграцијата на Македонија во ЕУ и да се отпочнат преговри за членство.Тој исто така напомена дека очекува што поскоро да се дојде до решение за грчко-македонскиот спор со што би се забрзале и интграциксите процеси.

Аиво Орав е роден во 1965 година, и е дипломат од кариера. Претходно беше амбасадор на Естонија во Анкара, од каде што ги покриваше и Македонија, Сирија, Азербејџан и Либан. Ја претставувал својата земја и во ОБСЕ во Виена, а бил и амбасадор и во Полска.

XS
SM
MD
LG