Линкови за пристапност

Претседателската трка во САД е веќе на насловните страници


Ова е случај особено по говорот на медиумската ѕвезда Опра Винфри, на церемонијата на доделување на наградите Златен глобус

Само неколку дена од 2018-та, а трката за претседател на САД во 2020-та година e веќе на насловните страници.

Се вртат шпекулации околу медиумскиот магнат Опра Винфри како можна претседателска кандидатка, особено по нејзиниот говор за време на доделување на наградите Златен глобус, при што, со голем ентузијазам зборуваше за зголемување на улогата на жените.

„Навистина сум благодарна за она што го кажа од подиумот и сметам дека таа е вистински лидер, со важен и моќен глас, така што, што и да сака да направи, треба да го направи“, изјави сенаторката Кирстен Гилбренд.

Ќерката на претседателот Трамп, Иванка Трамп, преку порака на Твитер го пофали говорот на Винфри.

Иако Винфри не е официјално претседателски кандидат, некои нејзини блиски пријатели наводно изјавиле дека таа размислува за тоа, а нејзиниот долгогодишен партнер, Стедман Греам, за весникот Лос Анџелес тајмс изјави: „Зависи од луѓето. Таа апсолутно би го сторила тоа“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG