Линкови за пристапност

Одобрен лек за третман на симптомите од опоидна апстиненција


Лекот луцемира на докторите им дава нова можност за третман на зависноста од лекови против болка

Пациентите кои страдаат од зависност од опоиди, наскоро може да да го добиваат првиот лек кој не е направен врз база на опоиди и којшто треба да им помогне во справувањето со симптомите од апстиненција.

Администрацијата за храна и лекови го одобри лекот „луцемира“, велејќи дека тој на докторите им дава нова можност за третман на ефектите од апстиненцијата.

„Знаеме дека телесните симптоми од апстиненцијата може да бидат една од најголемите бариери за пациентите копи бараат помош за надминување на зависноста“, вели комесарот од Администрацијата за храна и лекови, Скот Готлиб, додавајќи дека „стравот од овие симптоми вообичаено ги обесхрабрува оние кои страдаат од опоидна зависност за да побараат помош“.

Меѓу симптомите од апстиненција се: стравови, болки во мускулите, потење, повраќање и желба за повторно користење на дрога.

Опоидите се синтетички лекови против болка и главно се издаваат на рецепта. Но, тие можат да предизвикаат зависниот откако пациентите ќе се опорават од првичната повреда.

Лекарите обично третираат зависност со замена на еден со друг опиоид, и потоа постепено ја намалуваат употребата или транзиција кон други лекови.

„Луцемира“ е терапија која може да се користи само 14 дена.

Од Администрацијата за храна и лекови велат дека лекот не е третман за зависност од опијати, но може да се користи како дел од долгорочен план.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG