Линкови за пристапност

Иницијативата „Отворен Балкан“ може да привлече американски инвестиции, рече претставникот на Стејт департментот за регионот


САД ги поддржуваат сите иницијативи што економски ги зближуваат државите на Западен Балкан, рече Габриел Ескобар, претставник на Стејт дрпартментот за Западен Балкан на денешната дебата во Претставничкиот дом, одговарајќи на парашање дали САД ја поддржуваат иницијативата „Отворен Балкан“.

„Веруваме дека поблиска економска соработка не само што се случува туку и ќе продолжи да се случува. Лидерите на трите држави што ја истражуваат иницијативата `Отворен Балкан` не` осигураа дека е отворена за сите шест држави и ние им веруваме. Всушност не може да успее без другите три“, рече Ескобар, додавајќи дека се` што ќе ги зближи државите ќе создаде доверба меѓу граѓаните.

„Ако добиеме слободен пазар меѓу шест држави со 20 милиони луѓе, тоа ќе биде многу атрактивен пазар за американските компании. Сакаме да охрабриме американски инвестиции во регионот“, изјави тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG