Многумина се откажаа од носење поголема сума на готовина со себе уште многу одамна со оглед на тоа што знаат дека „пластиката“, кредитна или дебитна картичка, издадена од продавница или служба за јавен превоз, би била прифатена речиси секаде.
Но, се чини пластичните картички наскоро може да бидат музејски експонати.
Тоа е бидејќи особено младите се толку врзани со своите мобилни телефони што одбираат да „не губат време“ со вадење картичка, нејзино вчитување, одобрување ... и потпишување на сметката. Тоа е старомодно, од 20-ти век.
Затоа компаниите како Гугл развија технологија што им дозволува на муштериите едноставно да ги доближат телефоните до вчитувачот. Автоматски, производот се поврзува со вашата банковна сметка, се потврдува трансакцијата и потоа сметката ја добивате на вашиот телефон.
Идејата е до тој степен популаризирана, што во одредени продавници, па дури и на улица во близина на одредена продавница, на телефонот може да добиете пораки за некоја продажба или попуст.
Приказната оди понатаму, со најнова апликација наречена „Card Case“ на компанијата Square. Работи на принципот кога ќе видите нешто во одредена продавница на продавачот едноставно му го давате вашето име и доколку податоците и вашата фотографија се совпаѓаат со оние што ги има продавницата, купо-продажбата може да се изврши, а производот е ваш, без да има потреба од пенкало. Деталите од трансакцијата ќе ги видите – на телефонот.