Американците велат - ако сакате да ставите насмевка на лицето на вашето дете, побарајте да го спелува зборот „Мисисипи“ и тоа брзо. Тоа би звучело приближно вака:а Ем-ај, ес-ес-ај, ес-ес-ај, пи-пи-вај! И не е толку тешко како што изгледа, кога ќе го фатите ритамот.
Мисисипи важи за најсиромашната сојузна држава и редовно рангирана како последна во најразлични аспекти на образованието.
Американците се познати по тоа што многу често, во потрага по образование и работа, се селат од една во друга сојузна држава. Но, не и во Мисисипи – 99% од жителите на оваа држава се родени таму.
Еве и зошто – Мисисипи не е само држава со идилични глетки. Поголемиот дел е со земјоделски поседи и зимзелени шуми. Освен неколку казина на мал простор долж Мексиканскиот Залив, нема познати одмаралишта, плажи, нема планини.Еден од поголемите градови, воедно и главен, е Џексон, но дури и тој нема развиена индустрија. Не постои забавен парк, ниту туристички атракции, освен убавите и стари плантажи што датираат пред Граѓанската војна.
Зошто, тогаш, многумина жители на Мисисипи остануваат во оваа држава што практично не нуди никаков напредок? Одговорот е што многумина од нив не го прават тоа. Напротив, повеќето од најдобрите и најпаметни млади луѓе заминуваат поради добри работни места во Њу Орлеанс, Атланта или Мемфис.
Како и да е, останува фактот дека поголемиот дел од жителите на оваа сојузна држава, и бели и црни (37% од жителите на Мисисипи се од афро-американско потекло), претпочитаат бавно, релаксирано темпо на живот, гурмански подготвена риба, исклучитечно љубазни манири, преубави магнолии, и се` друго што на оваа сојузна држава долж реката Мисисипи и` го дава оригиналниот јужњачки шарм. Како вели една класична песна од 1927-ма, „вистинско задоволство е да загазите боси во калта на Мисисипи“!