Линкови за пристапност

За да има настава на далечина, ќе треба да се промени однесувањето и на наставниците, и на учениците, вели наставник од Свети Николе


Потребни се сериозни промени во образованието за да има настава на далечина,велат наставниците
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00

Проблемот, вели тој, е што не сите наставници се подготвени за одржување на ваков вид на настава, нагласувајќи дека треба да им се даде поголема поддршка во тој дел

Ако Македонија сака да одговори на предизвиците со учењето на далечина ќе мора да направи измени во наставните планови и програми, реагираат наставници со кои разговараше Гласот на Америка.

Проблемот, велат тие, е што не се сите наставници подготвени за одржување на ваков вид настава, нагласувајќи дека треба да им се даде поголема поддршка во тој дел.

„Ми недостига училницата, ми недостигаат 23 пара очи од моите ученици, и секојдневната интеракција и комуникација. Ми недостига мирисот на креда, џагорот на децата. Тоа е нешто што ниту една настава од далечина не може да го замени“, вели Иле Михајловски, наставник од Свети Николе.

Михајловски вели дека учењето од далечина претставувало вистински предизвик за него и неговите колеги, кои секојдневно се соочувале со проблеми.

За тоа како состојбата со КОВИД-19 се одразува на образованието, но, и што понатаму, неодамна беше тема на најголемата онлајн конференција, на која учество зедоа повеќе од 100.000 наставници од 81 држава, меѓу кои и Михајловски.

Заклучокот бил дека сите земји се соочиле со истиот проблем, а тоа е неподготвеноста да се справат со учењето на далечина.

„Она што во овој период не` очекува како предизвик, е максималното искористување на технолошките ресурси и меѓусебната соработка. Првата светска конференција беше да се најдат решенија и можности како да се носиме со таканареченото ново нормално време. Лоцирањето на вакви проблеми ни укажа на сите дека учењето на далечина претставува проблем за одреден број деца, а тоа ќе се реши кога секоја држава ќе се посвети на адекватен и правилен начин да ги поткрепи нив“, смета Михајловски.

Според него, за да може државата да одговори на предизвиците образованието да биде поподготвено да продолжи со настава на далечина, од наесен ќе биде неопходно да се направат сериозни измени.

Смета дека Македонија треба да има барем една сериозна едукативна платформа за ваков тип на образование, или да ги надогради постоечките.

„Ако почнеме од септември, тоа би значело промена на одредени однесувања, како на наставниците така и на учениците во училиштата, како и почитување на одредени норми кои досега не биле поставени. Би значело дека треба да се направат доста измени во наставните планови и програми. Не е само во образовниот дел, туку и во социјалната состојба на граѓаните, условите кои дома ги имаме“, вели тој.

Михајловски во 2019 година ја добил наградата најдобар наставник во поранешна Југославија, а е дел и од Фејсбук група, во која членуваат повеќе од 27.000 наставници од поранешните југословенски републики.

Иницијативата се родила веднаш по прогласувањето на пандемијата со коронавирусот, со цел да се обезбеди меѓусебна помош за полесно совладување на учењето од далечина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG