Линкови за пристапност

ОН загрижени поради големиот број на егзекуции во Иран


АРХИВА - Високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк зборува на прес-конференција на неговиот последен ден од официјалната посета на Гватемала, 19 јули 2024 година.
АРХИВА - Високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк зборува на прес-конференција на неговиот последен ден од официјалната посета на Гватемала, 19 јули 2024 година.

ЖЕНЕВА – Канцеларијата за човекови права на ОН изразува загриженост во врска со извештаите дека Иран егзекутирал 29 лица во текот на два дена оваа недела. Шефот за човекови права го осуди „алармантно големиот број“ на егзекуции во толку краток временски период.

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН во денеска соопшти дека потврдила оти 38 луѓе биле егзекутирани во јули, со што вкупниот број на егзекуции се искачи на најмалку 345 годинава – главно за прекршоци за дрога или убиства – вклучувајќи 15 жени.

„Наметнувањето смртна казна за прекршоци кои не вклучуваат намерно убиство е некомпатибилно со меѓународните норми и стандарди за човекови права“, рече портпаролката на канцеларијата за права Лиз Тросел на брифингот со новинарите.

„Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк е крајно загрижен поради извештаите дека, во период од два дена оваа недела, иранските власти, наводно, егзекутирале најмалку 29 лица низ целата земја“, рече таа. „Ова претставува алармантно висок број на егзекуции во толку краток временски период“.

Тросел рече дека малцинствата, вклучувајќи ги Курдите, Арапите и Балуците, биле несразмерно погодени од егзекуциите. Некои затвореници беа егзекутирани без да им биде кажано на нивните семејства или адвокати.

Обединетите нации имаат долгогодишна загриженост за егзекуциите во Иран, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во ноември објави извештај во кој ја осудува „алармантната стапка“ на нив во Исламската Република.

XS
SM
MD
LG