Линкови за пристапност

ОН: Пронајдени 87 тела во масовна гробница во Судан


Пронајдени остатоци во државата Западен Дарфур
Пронајдени остатоци во државата Западен Дарфур

Обединетите нации во четвртокот соопштија дека тела на најмалку 87 луѓе биле пронајдени во масовна гробница во суданската држава Западен Дарфур.

Во соопштението на Канцеларијата за човекови права на ОН се вели дека меѓу загинатите има и припадници на етничката група Масалит и дека телата се пронајдени надвор од градот Генеина.

Во соопштението се вели дека локалното население било принудено да ги закопа телата помеѓу 20 и 21 јуни.

ОН соопштија дека има веродостојни докази дека суданската паравоена група Сили за брза поддршка е одговорна.

Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк повика на „брза, темелна и независна истрага“.

„Најостро го осудувам убивањето на цивили и поединци, а дополнително сум згрозен од бесчувството и непочитување на начинот на кој беа третирани загинатите, заедно со нивните семејства и заедници“, рече Волк во соопштението.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG