Линкови за пристапност

80 отсто од Американците кои работат приватно имаат само еден ден боледување


САД се една од само 11-те земји во светот без федерална обврска за платено боледување, според студија на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес

Во време кога брзо се шири новата варијанта на ковид-19 омикрон, милиони Американци чии работни места не обезбедуваат платени денови за боледување треба да изберат помеѓу нивното здравје и платата, објави Асошиетед прес.

Истовремено, недостигот на работна сила го зголемува притисокот врз работниците да одлучат дали да се појават на работа болни ако не можат да си дозволат да останат дома.

Посебно ранливи се ниско платените работници. Скоро 80 проценти од сите работници во приватниот сектор добиваат најмалку еден платен ден боледување, според националното истражување за компензација на бенефиции на вработените, спроведено во март од страна на Бирото за статистика на работната сила во САД.

Истражувањето на Харвард изминатава есен, кое опфати околу 6.600 работници со ниски примања, и кое се фокусира на нееднаквоста, покажа дека 65 отсто од работниците кои пријавиле дека биле болни сепак отишле на работа. Тоа е пониско од 85 отсто од оние што се појавиле болни на работа пред пандемијата.

На федерално ниво, Конгресот донесе легислатива пролетта во 2020 година, со која се бара од повеќето работодавци да обезбедат платено боледување за вработените со болести поврзани со ковид. Но, таа обврска истече на 31 декември истата година.

Во ноември, Претставничкиот дом на САД усвои верзија на план на претседателот Џо Бајден, со кој од работодавците ќе се бара да обезбедат 20 дена платено отсуство за вработените кои се болни или се грижат за член на семејството. Но, судбината на тој предлог-закон е неизвесна во Сенатот.

САД се една од само 11-те земји во светот без федерална обврска за платено боледување, според студијата од 2020 година на Светскиот центар за анализа на политики на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG