Американската конгресменка Кендис Милер, републиканка од сојузната држава Мичиген, ја формираше првата досега Конгресна групација за поддршка на Македонија и на Американците со македонско потекло, соопшти Обединетата македонска дијаспора со седиште во Вашингтон.
Групацијата е составена од членови на Конгресот од обете партии и ќе се залага за одржување и зајакнување на позитивните односи меѓу САД и Република Македонија. Милер е меѓу членовите на Конгресот, таканаречени „пријатели“ на Македонија, кои ја поддржуваат аспирацијата на земјата за членство во НАТО.