Линкови за пристапност

Јапонците против одржување на Олимписките игри


Анкетите покажаа дека 59 отсто од испитаниците сакаати игрите да бидат откажани, наспроти 39 отсто кои изјавиле дека треба да се одржат

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) во средата соопшти дека ги поддржува јапонските мерки за спротивставување на ковид вирусот и е уверен дека Олимписките игри во Токио ќе бидат „историски“ настан, и покрај широкото противење на јавноста.

Мнозинството од нејзиното население сака Олимписките игри да бидат откажани или одложени по втор пат, според неколку анкети.

Анкета спроведена од 7-ми до 9-ти мај од страна на дневниот весник „Јомиури Шимбун“ покажа дека 59 отсто од испитаниците сакаати игрите да бидат откажани, наспроти 39 отсто кои изјавиле дека треба да се одржат. „Одложување“ не беше понудено како опција.

Друга анкета спроведена викендот од страна на “TBS News” покажа дека 65 отсто сакаат игрите да бидат откажани или повторно одложени. Повеќе од 300 илјади луѓе потпишаа петиција за откажување на Олимписките игри.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG