Линкови за пристапност

Сто дена до олимпијадата во Лондон


Во среда започнуваат да се одбројуваат стоте дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон. Низ цел свет натпреварувачите влегуваат во финалните фази на тренинг, додека стотици илјади гледачи се подготвуваат да патуваат во Лондон. Но дали градот е подготвен?

Сто дена до почетокот на Олимписките игри чиј домаќин ќе биде Лондон. Сто дена до палењето на факелот со што ќе започне спортската агонија и екстаза.

Но дали Лондон е подготвен? Себастијан Кои, двократен добитник на златен олимписки медал, е претседател на Лондон 2012:

„Тоа значи дека пред нас има уште многу работа, но мислам дека 100 дена нешто значат за луѓето. Веќе не зборувате за години, туку за денови, и уште повеќе – тоа се уште околу 12 среди, што ќе рече – навистина е блиску“.

Олимпискиот парк е главно завршен.

Синхронизираните пливачи веќе вежбаат во базените. Акватичкиот центар е подготвен за таквите како американскиот пливач Мајкл Фелпс, кој ќе се обиде да надогради на неговите рекордни 14 олимписки златни медали.

Под заоблениот покрив на велодромот, британските велосипедисти веќе возат по патеката.

Надвор од лондонското олимписко село, добиваат форма и други објекти – како теренот за одбојка на песок во сенката на Парламентот.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Жак Рож ја даде својата оценка на британскиот премиер Дејвид Камерон по посетата на објектите.

„Уште пред да започнат Игрите, има голема традиција во источен Лондон, голема традиција за спортски објекти. Да заклучам, многу сме задоволни. Ви благодарам“, рече Рож.

Но и покрај антиципацијата, има гласови на незадоволство.

Два дена во изминатава недела редиците за минување низ безбедносните контроли на аеродромот Хитроу траеја над 90 минути. Патниците ставија слики на Интернет со изрази на лутина.

Надзорна комисија предупредува дека олимписките гости може да бидат задржани во авион или да бидат заглавени во долги редици на имиграционите шалтери.

Владата инсистира дека ќе биде подготвена. Специјално за олимписките натпреварувачи е изграден привремен терминал.

Но не е само аеродромот причина за загриженост. Се стравува дека ќе има застои и во системот на лондонскиот градски сообраќај.

Од друга страна, обезбедувањето е значително збиено. Министерството за одбрана додава 13.500 војници за олимпијадата. Цифрата на вкупен персонал е 23.700. Буџетот за обезбедувањето е удвоен, на 882 милиони долари.

Лондон очекува 300.000 посетители.

XS
SM
MD
LG