Линкови за пристапност

САД ќе испратат 100-тина безбедносни агенти на Олимпијадата


Јужна Кореја изрази доверба во можноста да биде домаќин на безбеден и успешен настан годинава

САД велат дека немаат информации за можни закани за Зимските олимписки игри во Јужна Кореја, покрај нуклеарните тензии со Северна Кореја.

Официјални лица од Стејт департментот, кои се одговорни за безбедноста на американскиот олимписки тим, изјавија дека две години, заедно со Јужна Кореја, работеле на подготовките за Зимските олимписки игри 2018-та, кои почнуваат на 9-ти следната недела.

Јужна Кореја изрази доверба во можноста да биде домаќин на безбеден и успешен настан годинава.

Стејт департментот соопшти дека околу 100-тина дипломатски безбедносни агенти ќе бидат распоредени во Сеул и Пјонгченг за Зимските игри и за Параолимпијадата, речиси ист број колку што имаше и на претходните Олимписки игри.

Американската олимписка делегација ќе брои 275 лица, и околу 60.000 Американци се очекува да присуствуваат на Игрите, вклучувајќи го потпретседателот Мајк Пенс и неговата сопруга Карен Пенс.

Северна Кореја, исто така, испраќа делегација на Олимпијадата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG