Линкови за пристапност

По личен рекорд во Лондон


По личен рекорд во Лондон
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00
Direct link

По личен рекорд во Лондон

Македонскиот олимпиец Марко Блажевски со активно пливање започнал да се занимава уште на седумгодишна возраст. Вели, отпрвин, спортот не му бил интересен, му пречела и студената вода. Но, по освојувањето на првиот медал, се вљубил во него. Блажевски и неговиот тим се наоѓаат на подготовки во Македонија.

„Последниве пет-шест години, желбата за успех прерасна во можност да ја претставувам Македонија на Олимпијада“, вели Блажевски , во интервјуто преку Скајп за Гласот на Америка на македонски.

Тој ќе биде македонскиот знаменосец на отвoрањето. Ќе настапи наредниот ден, на 28-ми јули, во трката на 400-тини метри мешано.

„Конкуренцијата ќе биде многу силна. Најпрво сакам да го подобрам својот најдобар резултат и со тоа да остварам државен рекорд на Македонија. Ова ќе значи добивање норма за светското првенство во Шпанија наредната година“, вели Блажевски за очекувањата од Лондон.

Неговото најдобро време е 4:29:07, а македонскиот рекорд го држи Александар Маленко, 4:27:80.

Во САД живее веќе четири години. Го завршил средното обрзование во Mонтереј, Калифорнија, а потоа се запишал на финансии на Универзитетот Вингејт. Од Универзитетот ни изјавија дека се работи за одличен спортист и студент со огромен потенцијал, прогласен за спортист на годинава во машка конкуренција.

„Последниве две години студирам на Универзитетот Вингејт во Северна Каролина. Таму сум шампион во НЦАА напреварите во 400 јарди мешано. Ми се допаѓа животот во Америка. На почетокот не беше се` лесно, но се прилагодив на начинот на живот и моментално сум многу среќен“, ги пренесува впечатоците младиот пливач.

Македонскиот олимпиец не сака да гледа предалеку, на наредната Олимпијада во Рио де Жанеро 2016-та, велејќи дека е фокусиран на Лондон - плановите би ги кроел потоа. Во САД се враќа во август, потенцирајќи дека главна цел му е да го заврши факултетот. Се` уште не одлучил дали ќе остане во Шарлот, но би сакал во САД да продолжи и на постипломски студии.

Во неодамнешно интервју за главниот весник во Северна Каролина, „Шарлот обсервер“, Блажевски изјави: „Пресреќен сум. Соништата навистина се остваруваат. Тоа е мојата порака до сите спортисти кои тренираат. Секогаш верувајте во она што го сонувате.“
XS
SM
MD
LG