Линкови за пристапност

Запален Олимпискиот оган


Ќе стигне во Јужна Кореја на први ноември

Олимпискиот оган во пресрет на Зимските олимписки игри 2018-та година во Пјонгчанг, Јужна Кореја, денес беше запален на традиционалната церемонија во античкиот грчки град Олимпија.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, и премиерот на Јужна Кореја Ли Нак-јон, беа присутни, заедно со грчката актерка Катерина Лехоу, облечена како висока свештеничка.

Олимпискиот оган вообичаено се пали со помош на конкавно огледало, што ги насочува сончевите зраци за да го запали факелот, но, дождливото време над Олимпија ги принуди организаторите да го искористат резервниот план за палење на огнот.

Според Олимпискиот видео канал на Јутјуб, Олимпискиот оган ќе тргне во обиколка од Грција во текот на следната недела, патувајќи над 2000 километри, пред да им биде даден на организаторите на игрите во Атина, античката тврдина на Акрополис.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG