Локација: Пјонгчанг, Јужна Кореја; 126 километри источно од Сеул.
Кога: Од 9-ти до 25-ти февруари. Церемонијата на отворањето ќе се одржи на 9-ти февруари, а затворањето ќе биде в недела, на 25-ти.
Временска разлика: Корејското стандардно време е UTC+9
Маскота: Бел тигар, со име Сохоранг. Според веб-страницата на Олимпијадата, белиот тигар е „поврзан со корејската митологија и култура“.
Објекти: Игрите се организираат на две локации. Натпреварите на отворено ќе се одржат во Пјонгчанг, каде се наоѓа Oлимпискиот стадион и во Гангнеунг, за игрите на затворено.
Спортови: Ќе се одржат 102 настана, во 15 главни зимски олимписки дисциплини.
Нови дисциплини: Годинава се додадени четири нови дисциплини.
Медали: Медалите се дизајнирани од јужнокорејскиот дизајнер Ли Сук Во. Тешки се од 586 грама за златен медал, до 493 грама за бронзен.
Цена: Буџетот за Олимпијадата е 2,5 милијарди долари, но организаторите засега продале само околу 30 проценти од предвидените 1,1 милион билети. Цените по билет се движат од 18 до 1.340 долари, а во моментов е регистрирана загуба од 270 милиони долари.
Предвидување за медали: Се предвидува дека Германија и Норвешка ќе освојат најмногу медали на Игрите. Русија, која во Сочи пред четири години беше прва по бројот на медали, е санкционирана заради допинг. На руските спортисти кои можат да докажат дека не користеле допинг, ќе им биде дозволено да се натпреваруваат под неутрално знаме „Олимписки спортисти од Русија“.
-----------------------------------------------------------------------------------------------
Зимски параолимписки игри: 2018
Локација: Пјонгчанг
Кога: Од 9-ти до 18-ти март
Спортови: Натпреварите ќе се одржат во шест дисциплини.
Маскота: Бандаби, азиска црна мечка. Банда, на корејски значи половина месечина. Би, е славење на игрите.
-----------------------------------------------------------------------------------------------
Зимски олимписки игри 2022
Локација: Пекинг, Кина
Facebook Forum