Линкови за пристапност

Олимпискиот шампион Кастер Семења ја доби жалбата против правилата за тестостерон на судот за човекови права


Двојната олимписка шампионка, тркачката Кастер Семења ја доби жалбата против правилата за тестостерон во атлетиката, откако Европскиот суд за човекови права пресуди дека била дискриминирана.

Судот, исто така, рече дека има „сериозни прашања“ за валидноста на спорните прописи.

Светската атлетика, која ги спроведува прописите, како реакција на одлуката вели дека нејзините правила ќе останат на сила.

Тоа значи дека нема да има итно враќање на натпреварувањето на највисоко ниво за јужноафриканската тркачка.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG