Линкови за пристапност

Олимписките игри одложени за 2021 година


Oдложувањето е неопходно за да се „заштити здравјето на спортистите, сите вклучени на Олимписките игри и меѓународната заедница“, соопштија организаторите.

Олимписките игри 2020 се одложени за една година откако за ова беше постигнат договор меѓу Јапонија и Меѓународниот олимписки комитет.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе го најави одложувањето на Олимпијадата најдоцна до летото 2021 година, откако денеска телефонски разговораше со претседателот на Олимпискиот комитет Томас Бах. Игрите првично беа закажани да започнат на 24 јули.

Абе рече дека одлуката за одложувањето е донесена по неколкумесечен притисок од дел од земјите учеснички и спортисти.

Меѓународниот олимписки комитет и Организацискиот комитет на Токио 2020 во заедничката изјава соопштија дека одложувањето е неопходно за да се „заштити здравјето на спортистите, сите вклучени на Олимписките игри и меѓународната заедница“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG