Линкови за пристапност

Олимписките води на Рио загадени


Ова го тврди нова студија, нарачана од Асошиејтед прес, според која контаминацијата би го загрозила здравјето на спортистите

Нови тестирања покажуваат дека водите во кои спортистите ќе се натпреваруваат на Олимписките игри следната година во Рио де Женеиро, се многу позагадени од она што претходно се знаеше и е закана по здравјето на спортистите кои ќе се натпреваруваат таму.

Студијата е нарачана од Асошиејтед прес, и покажува високо ниво на загадување со вируси и во некои случаи бактерии на крајбрежјето, каде што отпадна вода се влева во водените површини близу познатите градски плажи на Атлантското крајбрежје, но и во водените површини каде ќе се одржуваат натпреварувањата во едрење, веслање и други спортови.

„Луѓето кои ќе бидат во контакт со овие води ќе бидат изложени на контаминација“, вели Кристина Мена, американски експерт за водни вируси.

„Да беше ова на плажите во САД, сигурно ќе беа затворени“, изјави таа за Асошиејтед прес.

Како и во многу земји во развој, отпадните води во Рио де Женеиро не се третирани пред да бидат испуштени во морето.

XS
SM
MD
LG