На помалку од два месеци пред отворањето на Олимписките игри во Токио, американската влада издаде предупредување за своите граѓани да не патуваат во Јапонија поради зголемувањето на стапките за нови случаи на ковид.
Стејт департментот го издаде своето највисоко советувачко предупредување за патувања, ниво 4, повикувајќи се на бавната стапка на вакцинација во Јапонија.
Посебно предупредување издадено од Центарот за контрола и превенција на болести на САД вели дека „дури и целосно вакцинираните патници може да бидат изложени на ризик на ковид и треба да ги избегнуваат сите патувања во Јапонија“.
Предвидено е Олимписките игри во Токио да се одржат од 23-ти јули до 8-ми август по едногодишното одложување. Жителите на Јапонија поради новите случаи на ковид, се повеќе се скептични околу одржувањето на ОИ.
Опозицијата преку отворено писмо на почетокот од овој месец од Здружението на медицински лекари во Токио, кое претставува околу шест илјади доктори од примарна здравствена заштита и болници, го повика премиерот Јошихиде Суга да го убеди Меѓународниот олимписки комитет да ги откаже игрите.
Јапонија регистрирала 722.688 инфекции со ковид и 12.351 смртни случаи, според Центарот за ресурси на коронавирусот Џонс Хопкинс, но има вакцинирано само нешто помалку од пет проценти од својата популација.
Facebook Forum