Линкови за пристапност

Македонско знаме на врвот на Олимп


Македонско знаме на врвот на Олимп
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Во време кога преговарачот за спорот за името Метју Нимиц се обидува да помогне Грција и Македонија да најдат заеднички прифатливо решение за две деценискиот спор, охридски планинари среде Грција го развиорија македонското знаме.

За искачување на планината Олимп, чиј врв е на 2918 метри надморска височина треба голема внимателност, добра кондиција, и дисциплина. За македонски планинари потребен е уште еден квалитет - да не се осврнуваат на политиката, зашто планината е во Грција. Жанко Голабоски и Мишко Танески, обајцата од Охрид, ги имале сите тие елементи. Како дел од експедицијата што го ставила македонското знаме на врвот на Олимп, Митикаш, немало проблем:

„Јас веќе две години одам таму. Не само што немавме никакви проблеми, туку и многу убаво бевме пречекани. ...Таму луѓето не ги интересира кој од каде е. Има многу луѓе, од цел свет. Се дружат Грци, Срби, Американци, Македонци, “ вели планинарот Жанко Голабоски.

Мишко Танески се согласува:

„Никогаш не сме имале проблеми. Марија Золота, жената која што раководи со домот, ми е голема пријателка. Не` запиша под „Македонија“. На планина нема предрасуди.“

Тој вели: „На планина не можеш да најдеш лош човек. Сите таму одат за дружење и пријателство, а не да расправаат за политика“.

Двајцата со голем ентузијазам раскажуваат за поддршката од грчките планинари. Заедно си помагале за се искачат на овој врв, што важи за еден од најопасните на Балканот, дури и за Танески, кој е искусен планинар, кој се искачил и на Монт Еверест. Голабоски вели:

„Комуницираш, си помогаш, ќе размениш искуство ќе размениш мислење. Проблемот е останат повеќе политички. На граница веднаш поминуваме, се претставуваме дека сме планинари, и дури не не` ни претресуваат.“

„Заедно одевме. Никој не те прашува ни кој си ни што си ни од каде си. Последниот дел за искачување е многу страшен.“ додава Танески.

Можеби затоа, вели тој, концентрацијата е само на теренот.

Солидарноста е толкава што ако некој успее да стигне до Митикаш го истакнува и знамето на колегите планинари. Но овој пат „Жанко го имаше истакнато нашето – македонско знаме“, вели Танески.

Голабоски и Танески ги радува што се` повеќе млади пројавуваат интерес за овој спорт. Се надеваат дека наскоро ќе можат да поведат на Олимп и други македонски вљубеници на планинарењето.

XS
SM
MD
LG