Линкови за пристапност

Олдтајмерите Цитроен ги поврзуваат луѓето од Вардар до Триглав


Франција, Цитроен
Франција, Цитроен

„Можам да порачам дека луѓето меѓу себе многу добро соработуваат, преку автомобилите и тоа треба уште повеќе да го промовираме“, вели Ехат Орешка, сопственик на олдтајмери.

Ехат Орешка од Призрен, беше меѓу педесетината сопственици на олдтајмери, од марката Цитроен, спачек 2ЦВ, кои се собраа во Охрид, на заедничко дружење. Од сите страни на поранешна Југославија, од Вардар па до Триглав, некои од нив пропатуваа долг пат за да стасат до Охрид, каде ги изложија своите автомобили. Оној со кој дојде Ехат е од 1982 година.

Олдтајмери од марката Цитроен продефилираа во Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:15 0:00

„Со овие автомобили ја имаме поминато цела Европа. И сега поминавме повеќе од 2000-3000 километри во еден правец. Размислуваме да одиме и на собирот наредната година, кој ќе биде во Словенија за да ја претставиме нашата култура, нашите автомобили и нашата држава“, додаде Орешка.

Велат дека не е тешко одржувањето на овие автомобили и оти љубовта кон нив е поголема од се.

„Одржувањето е многу едноставно. Возилата се толку едноставни и не се комплицирани за одржување. Делови тешко е да се пронајдат. Но ги има во Европа. Се уште се произведуваат. Имаме уште по еден резерва, по едно возило за делови и немаме проблеми“, вели Љупчо Унковски, претседател на Цитроен 2ЦВ Клуб Скопје.

Скопјанецот Марјан Мијоски, веќе 33 години вели дека се дружи со овие автомобили. Се надева ќе има наследник во неговиот син.

„По завршувањето на ЈНА, по враќањето се одлучив да возам одлтајмер. И, од сите олдтајмери што постојат, највеќе што ми падна на душа е спачакот. Со неговата амортизација и едноставност, а најмногу ме воодушевува звукот на моторот“, рече Марјан Мијоски, сопственик на олдтајмери.

Тој вели дека овие автомобили треба да се негуваат.

„Бидејќи се беспрекорни и никаде не те оставаат ни на пат. Едноставни се за поправка. За да возиш „Спачак“ и „Дијана“, треба да имаш срце. Сум бил со него во Грција, Чешка, Полска. Бев до Италија, Словенија, Хрватска“, додава Мијоски.

Минатата година беа одбележани 75 години од производството на првиот автомобил во фабриката на Цитроен, во 1948-1949 година.

„Овие автомобили се произведени во Копар и се од 1973-1975 година. Имаме и некои примероци кои се од 1968 година. Тие се над 55-56 години стари“, рече Љупчо Унковски, претседател на Цитроен 2ЦВ Клуб Скопје.

Во земјава се поголем е бројот на вљубеници на олдтајмери, а од клубот Цитроен 2 ЦВ, велат дека досега учествувале и на 8 светски собири за овој вид на автомобили. Го напуштија Охрид, каде прв пат престојуваа, со најава дека повторно ќе дојдат. А следна нивна дестинација е Бачка Топола на собир на олдтајмери.

XS
SM
MD
LG